(ФОТО) Купил карта за „Етиопија ерлајнс“, задоцнил две минути, па преживеа


Гркот Антонис Мавропулос задоцнил две минути на авионот на „Етиопијан ерлајнс“ кој падна веднаш по полетувањето, па на Фејсбук напиша дека тоа му го спасило животот.
На летот кој го пропушти загинаа 157 патници и членови на посадата.
„Задоцнив две минути и се што можев беше да гледам како последните патници заминуваат во авионот. Викав да ме пуштат, но никој не ми обрнуваше внимание. Сега сум среќен поради тоа што сум жив.  Летот го пропуштив затоа што на време не го најдов куферот со облека, па ме чекаа дополнителни 10-15 минути“. напиша Антонис Мавропулос.
Гркот патувал на годишното собрание на ОН на Програмата за животна средина. Вели дека вработен на аеродромот му советувал да го почека следниот лет, му се извинил и го испратил во кафуле, каде требало да чека три часа, за следниот авион.
„На качување во авионот подоцна, ме пречека полицијата. Повторно не ми дозволија да се качам. Полицајците ме одведоа во своите службени простории во аеродромот. Прво ми рекоа дека сум единствениот патник кој не се качил на летот 302 на „Етиопијан ерлајнс“, и единствен кој преживеал. Ме испрашуваа кој сум и зошто не сум се качил на летот за кој сум имал карта. Мислев дека ме лажат“, напиша тој на Фејсбук.
полицијата ги проверила неговите податоци, го сместиле во посебна просторија. Му рекле да почека. Пребарувал на интернет да дознае што се случило, се јавил и на семејството и пријателите кои знаеле дека патува со тој авион да им каже дека е добро.
„Овој текст го пишував под шок за барем малку да се приберам“, напиша Мавропулос и заклучи: „Ова е мојот среќен ден“. Објави и фотографија од картата за летот кој трагично заврши за 157 луѓе.