Ферид Мухиќ се премисли, ќе гласа за договорот


Пратеникот од владеачката коалиција, Ферид Мухиќ го промени ставот и ќе гласа за уставните измени во Собранието. Тој денеска од собраниската седница порача дека изминатиов период многу работи што не му биле јасни во договорот – му се разјасниле, останува на своето приватно уверување оти не требало воопшто да се преговара за името на државата, но поради одговорноста што ја носи, мора да гледа напред.

Договорот е лош и тука нема дилеми, но не можеше да има подобар. Кога веќе преговарате, самите се доведувате во ситуација да дадете отстапки. На граѓаните веќе им е преку глава. Ако одам во смрт, не можам со себе да поведам 20.000 граѓани колку што тежи секој пратеник. Затоа со гордост ќе го поддржам договорот со Грција“, рече Мухиќ.