Столчето за Црвенковски остана празно?


Знамето на НАТО од денеска се вее пред седиштето на владата во Скопје. Владината зграда на „Илинденска“ осамна вчера во зори без натписот „Влада на Република Македонија“, ама таа „празнина“ набргу се пополни со знамето на Алијансата НАТО пред влезот во објектот, веднаш до македонското знаме на јарболот. На церемонијата се обрати премиерот Зоран Заев, а поканети се да присуствуваат официјални државни претставници, членови на штабот на Алијансата во земјава, амбасадори на земјите членки, како и сите наши амбасадори во седиштето на НАТО во Брисел досега, независно од тоа која гарнитура била на власт во времето кога тие ја извршувале амбасадорската функција.

Во првиот ред седат Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски и Мендух Тачи. Забележливо е едно празно столче и се претпоставува дека било наменето за Бранко Црвенковски. Освен него, „оправдано“ отсутен е и бегалецот Никола Груевски.