Срѓан Тодоровиќ за Независен: Чудно и убаво е да ги свирам повторно ЕКВ


По повеќе од 20 години пауза од музичката сцена, вечерва во Скопје во Младинскиот културен центар настапува легендарниот актер и музичар Срѓан Тодоровиќ Жика.

Неговиот настап, како што вели тој, е гостински, на концертот на трибјут бендот на ЕКВ “Деца из воде”, кој вечерва се одржува во рамките на фестивалот Синедејс.

Непосредно пред тонската проба, успеавме кратко да поразговараме со него. Беше одлично расположен за настапот во Скопје и се согласи да прокоментира какво е чувството по долг период повторно да ја свири музиката на ЕКВ.

– Многу чудно и многу убаво. Истовремено, морав да се вратам на вежбањето, бидејќи го запоставив. Не сум свирел долго. Но, кога поминува првичната трема, почнува уживањето во свирката – изјави Тодоровиќ за Независен весник.

Тој е оригинален тапанар во ЕКВ и вечерва ќе отсвири неколку песни од програмата на проект бендот “Деца из воде”.

Тој беше член на бендот од 1987 до 1990 година и со ЕКВ сними два албума – „Љубав“ и „Само пар година за нас“. Песните како Земља, Круг, Срце, Љубав, Пар година за нас, Поред мене, 7 дана… доминираа на топ листите, а тој период се смета за најуспешниот период на ЕКВ. Огромен продонес за тој успех донесе и Жика со својот уникатен стил на свирење.

Пред тоа има настапувано во Дисциплина Кичме, а пред „Дисциплина“ има свирено во неколку белградски бендови во периодот на „новиот бран“.

После ЕКВ, забележува и времени соработки со Партибрејкерс, Електрични Оргазам, Казна за Уши, а подоцна комплетно се посветува на актерството и добива улоги во познати филмови и серии.

Вечерашниот концерт е целосно распродаден.

Ивана Настеска

Фото: Синедејс