Собранието одлучува за училиштата, министерствата…
Владата на Република Македонија вчера ја усвои оваа предлог одлука.
Прераспределбата на средства, како што соопшти владината прес-служба, се врши за да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проектите кај кои е забележано позабавено темпо на реализација. Се работи за прераспредување на 1.647.100.000 денари.
Со предлог одлуката се предлага, на пример намалување на планираните пари за привремени вработувања, за невладини организации, за реконструкција на згради на владини органи, за министерствата за одбрана, за правда, за надворешни работи, за животна средина…, за изградба на основни училишта, за училишни спортски сали, за изградба и реконструкција на студентски домови…
Освен тоа се предлага и зголемување на парите за големата концертна сала за Македонската филхармонија, за албанскиот театар во Скопје, за театарот и библиотеката во Тетово…