Седницата никако да почне, ново презакажување за 15 часот


Почетокот на парламентарната седница каде треба да се гласа за уставните измени никако да започне. По вчерашното одложување, откажан е стартот и на денешното продолжение, кое беше закажано во 12 часот. По ново, пратениците треба да се соберат во 15 часот.

Се претпоставува дека станува збор за последни преговори за обезбедување двотретинско мнозинство, иако извори од власта тврдат дека веќе се обезбедени 80 пратеника што ќе гласаат „за“, па дури и ако нема договор со Беса на Билал Касами.