Реакција на Владата во однос на информацијата од АКО и МК НЕТ – Скопје
Министерот Роберт Поповски задолжен за комуникации, отчетност и транспарентнот говорејќи општо за почитување на авторските права како проблем кој засега многу заинтересирани чинители и граѓани, укажа дека овој и сите други напластени проблеми од сферата на медиумите и медиумската заедница ќе бидат надминати со донесувањето на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Во своето обраќање на јавната дискусија „Агенда за транспарентност на Влада на РМ“, министерот Поповски јасно нагласи дека почитувањето на авторските права ќе важи подеднакво, како за домашните, така и за меѓународните субјекти. И, дополнително дека владата во однос на ова прашање се води од почитување на правото и правната држава, како и на слободата и демократските принципи.
Во врска со формулациите во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои што се однесуваат на почитување на авторските права, министерот Поповски истакна дека владата е подготвена и отворена за дијалог и решение што нема да ја смени суштината на законските одредби и во насока на доследно почитување на авторските и сродните права во Република Македонија.
Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, во текот на неговото излагање на јавнта дискусија говореше генерално за непочитување на авторските права во Република Македонија и не посочи конкретно ниту еден субјект или организација.
Влада на Република Македонија