Рамадани: Пратениците го имаат целиот легитимитет да не внесат во НАТО
Доколку уставните измени не поминат во Собрание, Македонија ги губи шансите за членство во НАТО. Пратениците треба да превземат одговорнст, со сиот ризик пред нивните симпатизери, да ги изгласаат амандманите бидејќи во моментов се најодговорни во државата, порача претседателот на Евро-атланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани.
Рамадани вели дека пратениците се единствени во вакви ситуации кои црпат легитимитет од граѓаните. Според него 75 до 80 проценти од граѓаните на Македонија ќе бидат разочарани доколку нашата земја не се интегрира во ЕУ и НАТО. Тој го смета неодговорно однесувањето на лидерот на опозицијата кој ги повика граќаните тие да му кажат како да постапува. Рамадани вели дека е изненаден од апстиненцијата на Албанците на референдумот и дека им верувал на анкетите кои покажувале излесност од 90 проценти….
Господине Рамадани, со какви проблеми ќе се соочи Македонија доколку во Парламентот не помине Договорот со Грција и каква може да биде реакцијата на Алијансата, која повеќепати најавуваше дека нашата земја ќе биде 30 членка на НАТО, секако, доколку го исполниме условот.
Ако Договорот со Грција, односно амандманите не поминат во Собрание тогаш ние ги губиме шансите дефинитивно за членство во НАТО затоа што и било кога да биде во идно време, пораката од Алијансата, дали ќе биде овој генерален секретар Столетенберг или друг, ќе биде дека тој ништо неможе да направи повеќе од тоа што значи да се најде компромис за името. Ние сме во ситуација кога тој компромис со години се чекаше и се постигна. Имаме ситуација кога Генерален секретар за три-четири месеци двапати доаѓа кај нас, а во последно време скоро неделно два-три пати ни се обраќа и тоа значи дека сериозно се заинтересирани Македонија да стане 30 членка на НАТО. Впрочем ја добивме и поканата. Ако не успееме да ги исполниме тие услвои тогаш ја губиме шансата. Ако ја изгубиме шансата за членство во НАТО, нормално е, дека тоа не треба да се сфати како закана или предупредување но се создава атмсофер и амбиент на загриженост кај 75 до 80 проценти од граѓаните кои со години се изјаснуваат дека се за членство во НАТО. Сама по себе безбедноста и перспективата на граѓаните во државата, доаѓа во знак на прашање и тогаш таа безбедност посебно во Македонија е многу чувствителна, многу кревка, затоа што ќе се рефлектира во меѓуетничките однјоси, помеѓу прогресивните и проевропски ориентираните и меѓу оние кои не се заинтерсирани за членство во НАТО.
Трето тие кои ќе бидат пречка за да се оствари членството во НАТО ќе морат пред граѓаните да објават друг концепт под претпоставка дека таа опција да биде алтернатива за НАТО, а тоа е дали ќе биде евроатланска или проруска, и тогаш ќе дојде до едно прекршување кај граѓаните. Тоа значи дека сакаш да ги ориенитраш во нешто што не се спремни граѓаните во Македонија. И тоа создава, непредвидливи ситуации со многу прашалници. Тоа на Македонија не и треба кога шансата ја има во раце и навистина без никакви поселедици по однос и на идентитетот, на државнсота и интегритетот, ќе стане членка на НАТО со земјите кои се најсилни, најдемократски ,најразвиени економски. Треба да се изгласаст амандманите да се превземе одговорнсот, посебно пратениците со сиот ризик пред нивните симпатизери. Мислам дека пратениците не се само за привилегии, туку мора да ја сносат одговорноста и тие се најдоговорни во државата. Затоа што тие се единствени во вакви ситуации кои црпат легитимитет од граѓаните. Колку ќе биде добро понатаму, толку ќе бидат позаслужни. Колку ќе ни биде полошо, толку ќе бидат во ситуација утре да признаваат нешто односно да бидат дел од непредвидливи турбулентни ситуаици во државава.
Сите претставници на меѓународната заедница што досега ја посетија Македонија апелираа и укажуваа, ние, самите овде во земјата, да се договориме за нашата заедничка иднина. На референдумот, сепак, овој апел не беше разбран и прашањето не се апсолвира. Што мислите , која порака Македонија им ја испрати на меѓународните претставници, пред се, на апстинетните или бојкотирачите?
Прво мислам дека дел од раководствата на одредени партии, во овој случај на опозиционите партии на еден начин повикуваа на бојкот, а тоа е тоа што тие очекуваа односно бараа на еден начин навигација од граѓаните. Требаше да биде спротивното, навигацијата треба да дојде од лидерите на партијата, затоа што тие се лидери . Што значи тоа. Значи да водиш во одредена опција и да им кажеш на граѓаните дека ова е опцијата најдобра за вас. Затоа што обичниот граѓанин ако уште го храниш со нешто што е деструткивно тој може да биде манипулиран. Секој од граѓаните си има свои проблеми, може да се фамилијарни, но и тие бараат некој кој во вакви историски моменти ќе ги води, што значи да им биде прав лидер. Таквите настапи ги оставија граѓаните збунети. Некои за бојкот, некои да гласат против, други да гласаат за. И во една таква ситуација со збунети граѓани најмногу им успевеа на тие што повикуваа на бојкот. Тука мислам дека е проблемот и за тоа немаше одговорност. Не смее лидер на партија да настапи пред симпатизерите или пред граѓаните со тоа дека јас сум ваш слуга, никој ништо не сум јас за да ви кажам како да постапите дали да гласите, затоа што тогаш се разобличуваш сам и само што кажуваш дека јас не сум ваш лидер. Ако не покажеш во вкави моменти лидерство, тогаш се поставува прашањето кога би бил ти нивен лидер. Препукувањата позиција, опозиција, слабости, криминал, корупција, проблеми во економскиот развој и тн. се работи кои се нормални и во тие држави каде што стремиме да бидеме ние со нив. Меѓутоа овие се работи кои неможат да се стават во дневната политика. Овие работи се надпартиски и над сите групации, Тука имавме ситуации каде дел од интелектуалците не беа спремни да се одважат и да ја кажуваат вистината, а во исто време им кажуваат на граѓаните дека ова не е најдоброто решение. Граѓаните се многу почесни понекогаш од тие што им кажуваат. Меѓутоа во овие ситуации ќе мораме преку ова да поминеме за да градиме позиција во структурите на НАТО и во ЕУ, да се брендираме како држава која припаѓа таму и генерациите што доаѓаат ќе имаат време, можност и позиција да исправат некои работи кои денеска неможевме ние. Тоа е во однос на идентитетот и јазикот за што мислам дека премногу се политизираше и се играше со чувстивителноста на прашањето. Самиот факт дека утре ние можеме да бидеме земја членка на ЕУ, кажува дека Македонскиот јазик ќе се зборува во ЕП заедно со 24-25 јазици. Значи ние ќе имаме наша кабина, каде што ќе има превод од македонски на сите тие 24 јазици. Има ли нешто подобро за идентитетот кога твојот јазик ги преминува границите од државата и веќе е во димензии каде што добива значење. Тоа се прашања кои се многу значајни и многу афирмативни затоа што сме држава која има институции 70 години и го негува јазикот, идентитетот, култураата… неможе да ги плашиме граѓаните дека го губиме интегритетот со овој договор со држава со сите елементи и атрибути кои се пренесуваат малку подалеку, односно во ЕУ и во НАТО. Кој е тој што може да му забрани утре на премиер, или на претседател на држава која ќе учествува во клубовите на НАТО премиерите и претседателите да се изјасни дека е Македонец. Тоа е невозможно. Овие се работи кои треба да се негуват и на граѓаните да им се укаже дека не губиме, напротив единствениот јазик од територијата на Македонија кој ќе биде промовиран зборуван, пишуван надвор од Македонија ќе биде овој македонски јазик. Јас на мојот сограѓанин Македонец би му кажал многу слободно дека треба да се гордее ако еден Генерален секретар на најсилната организација НАТО ти се обраќа „ние ве чекаме, ви благодарам“ и ти зборува на македонски јазик. Тој неможе да зборува јазик кој не постои.Тој знае дека овој јазик постои и во оваа држава која сака да биде 30 членека има сопствен јазик и затоа ти се обраќа. Примерот со Доналд Туск, исто така еден од првите луѓе на Европскиот совет на ЕУ. Исто така се обраќа на македонски, што значи се обраќа на еден јазик за кој тој знае дека постои во државата на еден народ што го зборува овој јазик, а ние сакаме овој народ со овој јазик да биде заедно со 500 милиони други.
Доколку Договорот од Преспа не успее, доколку актуелната власт оди на избори, а притоа не успее да го добие потребното двотретинснко мнозинство за протуркување на уставните измени во Парламентот, може ли да очекуваме НАТО да се откаже од нас? Или, пак, напротив, сметате дека Алијасната дополнително ќе вложи сили по секоја цена, уште во јануари, како шпто најави Столтенберг, да станеме нејзина членка.
Без договор кој преку амандманите треба да помине во измените во Уставот апсолутно нема никакви шанси да продолжи процесот за членство во НАТО. Затоа што, во тоа што значи на еден ваков договор ние треба да признаеме имаше и други чинители, ние сами никогаш неќе успеевме со Грција да постигнеме таков договор. Тоа се структури, членките на НАТО, ЕУ и многу други наши пријатели кои сакаа ние да бидеме со нив и дадоа значан придонес со поддршка од експерти, итн. за да се постигне ваков договор. Утре ако сето тоа ние не го признаеме, нема да го помине, а тоа значи дека ние пркосимеи со нив. Значи сакаме да им покажеме сила, дека ние можеме без вас, ние можеме и сами, односно ние можеме со други. Тоа веќе не става во посебна ситуација. Посебно ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, другите не ги земам за сериозни. Меѓутоа за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде многу тешко. Прво затоа што нивното пркосење е со лидерите на политичките партии кои се членки во народните демохристијански партии. Второ вложено е во нив како партија со години преку Институтот Конрад Аденауер, а тој е Институт на партијата на канцеларката Меркел. Значи ако ти се заинатиш, а за нив не претставуваш никаква сила, ниту економска ,ниту дипломатска ниту пак воена, тогаш може да не стават во некоја „status-quo“ состојба во која ние самите ќе ствараме проблеми затоа што нема да има перспектива за младите, нема вработувања ,нема економски развој…Алијансата нема да се откаже од нас но Македонија мора да ги почитува договорените стратегии со ЕУ и НАТО, тие го почитуваат мислењето на народот меѓутоа и укажуват дека овој е договорот кој отвора пат за членство во НАТО и ЕУ. Доколку пак ние не испочитуваме некои стратегии тие те третираат како непослушен и за непослушниот се разбира има санкции, а тоа е изолација. Ќе го земам примерот со Србија која е по моќна држава. Меѓутоа ако ги следиме работите добро во Србија, таа се прилагодува кон ЕУ, па дури и со НАТО. ТСрбија иднината ја гледа во ЕУ, а со НАТО е во партнерство за мир, меѓутоа соработува во многу сегменти. Да земеме пример доаѓањето на Столтенберг во Србија , во Белград во врска со вежбата заедничка на НАТО – Србија каде што има преку 2.000 учесници. Што тоа значи. Значи дека и Србија внимава да не ги прекине односите со НАТО напротив да ги негува и да соработува. Моите информации ми кажуваат дека Србија веќе работи во проекти на НАТО. Заедно со Италија работи на еден проект на НАТО за борба против терористи кои употребуваат сообраќајни средства, да речеме со колите, газење на луѓе, како да се детектираат, како да се оди на спречување на таков тероризам. Тој е проект на НАТО. Има ситуации кои мораме да ги знаеме за да се снаоѓаме ние. Русија не ги прекинува односите со НАТО. Нивниот амбасадор е во седиштето на НАТО. Има посебно тело НАТО-Русија, совет НАТО-Русија каде што месечно или на два месеци се разговара на ниво на амбасадори за да можат да видат каде може да соработуваат каде не може да соработуваат. Меѓутоа дијалогот не се прекинува. Ние треба да внимаваме да ги следиме и тие големите како играат за да можеме и ние во нашите можности, со нашата позиција да бидеме дел од таа игра.
Која држава, според вас, може да биде 31 членка на НАТО и дали се тоа Србија, Босна и Херцеговина или пак некоја друга?
Мислам дека најмногу сега се оди Украина да се придобие како 31 членка на Алијансата, но со неа процесот ќе трае се додека се постигне некаков договор на ниво НАТО – Русија, или САД –Русија во врска со Крим. Ако се постигне некоја согласност Крим дефинитивно да се признае дека веќе е дел од Руската федерација, тогаш компромисот би бил Украина да биде во НАТО. За Босна и Херцеговина се уште е деликатно, меѓутоа како што одат процесите во преговорите Косово-Србија и ако евентуално таму, а очекувањата се доста оптимистички, се постигне договор тогаш ќе се неутрализира и состојбата во БиХ. Затоа што со договор меѓу Србија и Косово веднаш ќе се знае каква ќе биде позицијата на Република Српска .
Во една Ваша изјава летово кажавте дека Албанците ќе бидат коректни во целиот процес, но доколку не успее Договорот и доколку се намалат шансите за Македонија во ЕУ и НАТО не можете да гарантирате за однесувањето на Албанците, што може да биде надвор од демократските процеси. На референдумот според ДИК излезеноста на гласачите во општините со мнозинско албанско население, е идентична како и кај Македонците, односно 30-40 проценти. Дали се уште стоите на ставот дека однесувањето на Албанците може да излезе надвор од демократските процеси или по референдумот ви стана јасно за нивната инертност?
Тоа го кажав дека Албанците се коректни во однос на договорот и во однос на евроалтантските интеграции со мое убедување дека ако имаме нешто што е прифатливо помеѓу македонските и албанските граѓани тоа се евроатлантските интеграции. Јас не велам дека немаме и други, но ова е во однoс на интеграциите и без разлика што имаме гласови кај одредени политички партии кај Албанците дека во Договорот со Грција има некои пропусти во однос на Албанците. Меѓутоа сите ние во нашите настапи се покажавме максимално солидарни со нашите сограѓани Македонци за идентитеските прашања да бидат поистакнати во договорот затоа што другите се обидуваат тоа да го порекнуваат или да го оспоруваат. Ако е така тогаш очекувањата на Албанците повеќе беа дека овие измени во Уставот ќе одат со заедничка одговорност, со тоа што дури имаше јавни изјави дека албанските партии не беа многу расположени да има референдум затоа што ќе се одоговлекува процесот. За неизлезеноста на Албанците лично можам да кажам дека сум непријатно изненаден затоа што очекував и мислев дека Aлбанците ќе одат на гласање, но во исто време мораме да го признаеме фактот дека не знаеме веќе колку од граѓаните се надвор од државава, колку се тука. Но, како и да е, не е оправдување. Верував и се базира на анкетите кои во континуитет покажуваат дека излезноста кај Албанците е некаде околу 90 проценти. Второ се зависи како албанските политичките партии во повiкот за излезеност, до крај им објаснуваат на Албанците што ги чека ако помине догоvорот и ако бидеме членка на НАТО. Имав впечаток дека повеќе како да сакаат да се промовираат партиски и да ги мерат силите. За мене нелогично е да речеме во едно населено место три, четири дена по ред да одат партии да се претставуваат на граѓаните да им објаснуваат за НАТО. Сега прашањето е дали им се обратија на нивните симпатизри или на граѓаните за една возвишена цел, а тоа е членство во НАТО и ЕУ. Тука мислам дека требаше малку поорганизирано не премногу партиски да се експонира, туку по државнички и со луѓе експерти кои се занимаваат со овие прашања за да објаснат кои се бенефитите.(МИА)