Протест против законот за јазици пред Собрание


Повеќе граѓани организирани од патриотски здруженија денеска излегоа на протест пред Собранието, против како што велат, воведувањето на двојазичност и подредност на македонскиот јазик што е закана за унитарниот карактер на Република Македонија.

Протестот е организиран преку социјалните мрежи и нема поддршка од ниту една политичка партија.

Според организаторите протестот е продолжување и дел од „сенародниот протест започнат пред шест месеци кон непринципиелните антимакедонски политики и одлуки на нелегалните и нелегитимните, инсталирани за спроведување на антимакедонските интереси“.