Протест пред Собрание на „Бојкотирам за уставни измени“


Пред Собранието на Република Македонија вечерва се одржува протест во организација на движењето „Бојкотирам за уставни промени“.

Барањата на движењето  „#Бојкотирам“ се трајна заштита на името на Македонија, итно и безусловно запирање на процесот на уставни промени,  почитување на домашното и меѓународното јавно право, распуштање на, како што велат, делегитимизираното Собрание, и распишување вонредни парламентарни избори и еднострано правно поништување на Преспанскиот договор. 

Движење „#Бојкотирам“ го најави протестот преку социјалните мрежи како натпартиски, сенароден и ненасилен. Ги повикаа сите учесници да се воздржат од провокации, навреди, вандализам… За граѓаните беше организиран превоз од повеќе градови од државата.