Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се враќат во Собранието


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се враќат во Собранието, потврди за Телма привремениот координатор на пратеничката група Влатко Ѓорчев.

Оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ е донесена попладнево откако Кривичниот суд одлучи  денеска да го продолжи за уште 30 дена притворот и домашниот притвор на уапсените, меѓу кои се пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, полициски функционери, полицајци и симпатизери на опозицијата, за настаните од 27-ми април.

Најголемата опозицска партија го бојкотира Парламентот по притворањето на нивните пратеници, а во собраниските клупи се вратија само за новогодишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. Но од партијата се уште не донеле одлука дали конечно ќе се вратат во Собранието.

Претходно денеска премиерот Зоран Заев рече дека очекува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да присуствува на утрешната седница посветена на пратенички прашања.