„Пиволенд“ стана „Пивски фестивал“, а ново име има и „Вино-Скоп“


„Фестивал на виното Вино – Скоп 2018“ се преименува во „Вински фестивал“, проектот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ ќе се вика „Пивски фестивал“, а познатиот „Баскерфест“ е преименуван во „Организирање на манифестација со улични изведувачи“.

Новите имиња на традиционалните манифестации се преименуваа на денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов појасни дека новите називи биле неопходни заради усогласување на називите на проектите во програмата со називите на проектите во Буџетот на Град Скопје за 2018 година.