Новосаѓанец уапсен поради смртни закани кон Вучиќ: Како што судеше така ќе ти судиме!
Новосаѓанецот Ѓуро Тркуља вчера беше уапсен поради сомневање дека на Твитер му се заканувал со смрт на српскиот претседател Александар Вучиќ и најавил киднапирање на член од неговото семејство.
Заканите се најдоа на Твитер, а Тркуља напишал дека му се ближи крајот на Вучиќ и никој нема да го спречи тоа.
„Александар Вучиќ, твојот страв од мене (од нас) се разбира дека е оправдан. Секоја секунда додека не застанам пред тебе живеј ја во страв – како што судеше така ќе ти судиме!“, пишува во објава зад која српската полиција утврди дека стои Ѓуро Тркуља од Нови Сад.
Vučiću Aleksandre @avucic tvoj strah od mene (nas @TheMossadIL) je naravno opravdan. Svakoga sekunda dok lično ne stanem pred tebe živi u strahu – kako si sudio biće ti suđeno. Moja reč stoji! אלוף משנה pic.twitter.com/emC3UjR9oX
— strani-agent (@AgentStrani) November 5, 2018
Авторот на твитовите очигледно сакал да остави впечаток дека зад него стои Мосад, израелска тајна служба, која често ја спомнува заканувајќи му се на Вучиќ.