Ништо од желбата: Пратениците нема да добијат бенефиции по мандатот


Барањето на група пратеници, меѓу кои и дел од независната пратеничка група да добијат бенефиции по истекот на мандатот – нема да се усвои. Извори од владеачкото мнозинство во парламентот брифираат оти за такво нешто не може да стане збор особено по огромните критики во јавноста. Велат дека јасно е договорено што ќе добијат за возврат пратениците што гласаа за уставните измени и тука пред се се мисли на амнестијата.

Пред неколку дена, парламентарното тело за реформи соопшти дека се подготвува Закон за подобрување на статусот на пратениците по истекот на нивниот мандат. Со него би им се овозможило на пратениците кога ќе престанат со работа во законодавниот дом, да ги чека позиција во државната служба.