Констатирани оставките на Пендаровски, Ковачевски и Ибраимовски


Пред почетокот на денешната собраниска седница, на која треба да се разгледува Дополнетниот предлог на буџет за 2018 година, беа констатирани оставките на праетниците Стево Пендаровски и Васко Ковачески и на министерот без ресор во Владата, Самка Ибраимовски.

По констатирањето на оставките, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата до 13.30 часот до кога Државната изборна комисија треба да достави известување на кои пратеници следни на изборните листи ќе им биде верификуван мандатот.

На седницата не присуствуваат пратениците од опозицијата.