И Никола Тодоров исклучен едногласно


До ноќеска по полноќ траела седницата на Дисциплинската комисија на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош каде се расправало за барањето на централата за исклучување од партијата на Никола Тодоров. Повикан бил и ексминистерот за здравство, кој добил шанса да ги искаже своите аргументи. Бадијала, бидејќи петмината „дисплинци“ едногласно одлучиле дека тој грубо дејствува против програмските определби, целите и задачите на партијата, поради што е донесена мерка за исклучување од партијата, дознава „Независен весник“.

Во вторникот вечерта, центарскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ донесе идентична одлука за Сашо Мијалков, но тој не беше повикан да даде своја одбрана, ниту, пак, самиот побарал. Статутот предвидува дека дисциплнската комисија може, но и не мора да го повикува „обвинетите“. (Г.А.)