ЗОИ 2018: Нов случај на допинг кај руски олимпиец


Нов случај на допинг е регистриран на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг и повторно станува збор за руски олимпиец.

Надежда Сергеева, која се натпреварува во боб двосед, била позитивна на тестот.

Сергеева заедно со Анастасија Кочержова го освои 12. место.

Претходно на анти-допинг тестот не помина натпреварувачот во карлинг Александар Крушелницки, кој беше позитивен на супстанцата мелдониум.

Освен кај двајцата руски олимпијци, досега се забележани уште два случаи на допинг – кај јапонскиот лизгач Кеи Саито и словенечкиот хокеар Жига Јеглич