За случајот со Кашоги, ИВЗ испрати поддршка до Саудиска Арабија


Поглаварот на ИВЗ на Македонија Сулејман Реџепи во писмото упатено до кралот на Саудиска Арабија пишува дека муслиманите од Македонија се солидализираат со нив и се против сите мразачи кои се обидуваат да им наштетат на исламскиот и меѓународен статус, пренесува МКД.мк

„Овие денови слушаме вести дека сaканото големо кралство минува низ тешка ситуација од сплеткари и мразачи кои се собрале да им наштетат на кралството на Саудиска Арабија. Но, семоќниот Алах е најдобар заштитник и во ова нема двоумење, бидејќи Саудиска Арабија е извор на две божји објави, Книгата на Алах и Сунетот на неговит пратеник“, пишува Сулејман Реџепи во писмото.

Реџепи го упатил писмото до Саудиска Арабија на 17 октомври напишано на арапски јазик, а е поставено и на вебстраницата на Исламската верска заедница.

Поводот за ова писмо се реакциите на голем број за држави против Саудиска Арабија по повод убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во конзулатот на Саудиска Арабија во Турција.