Експлозија на гасовод во Иран, најмалку петмина мртви
Во експлозија на гасовод во југозападен Иран загинаа најмалку пет лица, а шестмина се повредени, но се стравува дека бројот на жртви ќе расте.
Експлозијата го оштети гасоводот меѓу градовите Ахваз и Махшахр, во близина на Персискиот залив, а за сега нема информации што ја предизвикало експлозијата.
Шефот на пожарната служба во Ахваз, Али Торабпур, наведе дека во текот на експлозијата се запалил автобус, камион и приватен автомобил.
АП наведува дека Иран е земја со зголемен ризик од такви инциденти поради застарената инфраструктура, како последица од повеќегодишните санкции од Запад.
Иран, исто така, има слаба примена на мерки за безбедност.