Груевски не кажува на која страна е


Поранешниот премиер Никола Груевски во изјава за медиумите вели дека на Македонија и треба силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ кое ќе ја победи оваа власт. Груевски не одговори на новинарските прашања дали Христијан Мицкоски е на правиот пат. Тоа народот ќе го каже на избори, рече Груевски.

Почесниот претседател на партијата не бил запознат со аргументите на партијата врз основа на кои одлучувала партијата да го исклучи неговиот братучед Сашо Мијалков. За вчерашната прослава добил покана, но имал претходно закажани обврски. Правосилната одлука за затворска казна ја добил и вели дека ќе бара одложување на издржувањето на казната.

Ф.Ф.С.