Во Хрватска лани се доселиле 6,5 илјади српски државјани, следува Македонија со 2,6 илјади


Според хрватското Министерство за внатрешни работи, кое беше објавено загрепски „Вечерњи лист“, Хрватска им доделила привремен престој на 43.219 странци минатата година во Хрватска, што е значителен пораст во однос на 19.235 дозволи издадени во 2017 и 12.967 во 2016 година.

Најмногу во Хрватска дошле граѓаните на Босна и Херцеговина, 19.560 (без хрватско државјанство), додека на второ место е Србија од која во Хрватска привремено се населиле 6.534 лица, по што следуваат Македонија (2,6 илјади), Косово 2.500), Украина (1,4 илјади) и Албанија (1,3 илјади).

Меѓу земјите на Европската Унија, предничат Словенија (910), Германија (656) и Италија (620); од неевропските држави први на табелата се Индија (220), Филипини (156) и Мексико (143), додека од големите земји Кина (574), САД (497) и Русија (413).

Сè на сè, збирните податоци покажуваат дека од 43 илјади странци со привремен престој, дури 31 илјади доаѓаат од земјите на поранешна Југославија. „Вечерњи лист“ нагласува дека во најголем дел станува збор за сезонци, и тоа со средно образование.

Според истражувањето на ОН за Источна Европа за проекциите за емиграција, Бугарите се на прво место во регионот, втори се Латвијците, трета е Хрватска, следуваат Литванија, Романија и Србија. Како причини за емиграцијата, аналитичарите на ОН за Источна Европа ја потенцираат економската и социјална несигурност, несигурната иднина и слабиот стандард кој влијае на негативната стапка на наталитет.

Според овие проекции, Хрватска ќе загуби 17,4 отсто од населението од 2017 до 2050 година, Србија 15,3 отсто и БиХ 12,8 отсто, додека регионот на Западен Балкан ќе падне од 17,9 милиони на 15,7 милиони , што претставува загуба од 12,6 отсто.