ВМРО обвини за коалиција „Заев, Вице и Мијалков“


Александар Николоски, по состанокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ  обвини дека е создадена нова криминална коалиција Зоран Заев, Вице Заев и Сашо Мијалков која со закани, уцени и поткуп обезбедила двотретинско мнозинство. Тој притоа потврди дека од партијата се исклучени екс директорот на УБК Сашо Мијалков, екс министерот за здравство Никола Тодоров, Петар Богоевски, потпретседателот Митко Јанчев и Костадин Богданов. Николоски го повика јавниот обвинител да ги испита нивните наоди најавувајќи дека партијата ќе се пресмета со сите кои се огрешиле, односно учествувале во оваа коалиција за обезбедување двотретинско мнозинство, во која како што рече не бил вклучен Никола Груевски, а биле вклучени судии и обвинители кои експресно носеле одлуки.

Овде не се работи за неистомисленици туку за друг стил на функционирање, рече Николоски најавувајќи дека по оваа силна внатрешнопартиска дебата ВМРО ќе ги интензивира контактите со меѓународната заедница и чиста, со гордо крената глава ќе оди напред.

Ова е неговата изјава:

„ВМРО ДПМНЕ одржа историска седница  , имаме силен механизам да се прочистиме и да се вратиме на идеалите на партијата и во очи да го погледнеме македонскиот народ. Од денес нито нема да е исто, партијата завршува со минатото и оди напред реформирана.

На иницијатива на претседателот Мицкоски да се одржи конгрес за доверба, ЦК по дискусија едногласно одлучи да го одбие овој предлог и нема потреба за конгрес.  Мицковски ја има целата поддршката за водење на партијата.

Заради дејствување спротивно интересите на ВМРО ДПМНЕ И МАКЕДОНИЈА, соработка со Заев и организирање група за закани уцени и покуп на пратениците ЦК го разреши Митко Јанчев со тајно гласање и резултат бил едногласен.Разрешен е и Богданов, а заради истите причини се побара од Општинските комитети да ги исклучат Мијалков и Тодоров од членство. Се побара 8-те пратеници кои довербата ја добија од граѓаните и партијата веднаш да поднесат оставки од пратеничко место.Бараме  обвинителство да истражи поткуп и уцена на пратениците.

Им честитаме нова коалиција на Заев и Мијалков, односно Зоран и Вице Заев и Мијалков“.