ВМРО го слави јубилејот, Ганка го засени Мицкоски


ВМРО-ДПМНЕ ја слави 125-годишнината од формирањето на историското ВМРО. Во амбиент на чистка во партијата, новата зграда на Македонскиот народен театар е претесна да ги прими сите оние што дојдоа да го честитаат јубилејот, но и да му искажат доверба на претседателот Христијан Мицкоски. Сепак, забележливо е отсуството на низа поранешни и сегашни функционери. Покрај исклучените од партијата, не е присутен довчерашниот лидер Никола Груевски, претседателката на Унијата на жени – Даниела Рангелова, голем дел од формирачите на ВМРО-ДПМНЕ… Нема ниту видни претставници на дипломатскиот кор, како и претставници на власта. На прославата дојдоа поголем број од пратениците, меѓу кои и Антонио Милошоски, како и двајцата обвинети за настаните од 27 април, кои не гласаа за уставните измени: Јохан Тарчулоски и Љупчо Димовски, потоа ексградоначалникот Коце Трајановски…

Мицкоски влезе во салата со звуците на химната на ВМРО, а до него беа потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски, како и генералниот секретар Игор Јанушев. Присутните неколку пати го скандираа името на Мицкоски. Вниманието го украде поранешната министерка за култура, Ганка Самоиловска-Цветанова, која влезе во салата во придружба на д-р Сашко Кедев.

Во тек е културно-уметничка програма, по што е предвиден говор на претседателот на партијата. (Г.А.)

Фото: Борис Грданоски