Владите на Косово и Албанија со „двоглав орел“ го прославија потпишувањето на 9 договори


Под мотото „Заедно за развој“ денеска во косовскиот град Пеќ се одржа заедничка седница на владите на Косово и на Албанија.

Претставниците на владите на Албанија и Косово, по заедничката седница во Пеќ, потпишаа девет меѓудржавни договори. Потоа ги поставија рацете во знак на двоглав орел.

Потпишан е договор за признавање на возачките дозволи, за заедничка царинска контрола на граничниот премин Морина, за јавниот долг и заедничка соработка со меѓународните финансиски организации, за укинување на роамингот, соработка во областа на младите, за соработка во областа на здравството.

Тие, исто така, потпишаа договор за признавање на фитосанитарните и ветеринарните сертификати, договорот да се создаде заедничка Стопанската комора на Косово и Албанија и договори за стекнување права од индустриска сопственост.