Вебер: Ако бидам претседател на Еврокомисијата ќе ги запрам преговорите со Турција


Кандидатот на Европската народна партија (ЕПП) за претседател на Еврокомисијата Манфред Вебер изјави дека доколку биде избран, ќе ги запре преговорите со Турција за членство во ЕУ.

– Како кандидат за претседател на Европската Комсија сакам да бидам конкретен и разбирлив за луѓето. Поради тоа и ветувам дека ако станам претседател на Комисијата, ќе ги запрам пристапните преговори со Анкара, бидејќи сметам дека Турција не може да биде членка на ЕУ, изјави тој за словенечки „Вечер“.

Вебер, исто така, повика на масовна излезност на претстојните избори за Европскиот парламент.

– Не смее да се случи по изборите да се разбудиме со Европски парламент, во кој мнозинството избрани пратеници ќе бидат од листите на популистите и екстремистите кои одбиваат соработка и компромиси, а тоа е реално и сè ќе заврши во националистичка и егоистична Европа, нагласи Вебер.