Албански брод спаси 84 мигранти во Егејско Море
Бродот „Лисус“ на албанската воена морнарица, во водите на Егејско Море, учествувал во две одделни акции во кои се спасени 84 нелегални мигранти, кои пловеле со моторни чамци.
Во првата акција синоќа околу 22.00 часот спасени се 39 лица, од нив 31 Палестинец и осум Сиријци.
Во втората акција, денска претпладне нешто пред 11.00 часот бродот „Лисус“спасил 45 нелегални мигранти меѓу нив пет жени и девет деца. Од нив 26 се Авганстанци, 10 Ирачани, останатите Сиријци и Египќанец.
Овој албански брод, во средината на октомври спаси 73 нелегални мигранти, чиј моторен чамец со кој се превезувале постоело опасност да потоне, бидејќи веќе била навлезена вода, која мигрантите ја исфрлале со предмети кои ги поседувале.
Според албанското Министерство за одбрана, во рамки на хуманата мисија за спасување на мигранти кои илегално се обидуваат да се префрлат преку Егејското Море, во неговите води плови и бродот „Бутринти“.
Неодамна екипажот на бродот во две одделени акции спаси, во едната 41 сириски бегалец, од нив 10 деца и седум жени, додека во другата 36 илегални мигранти од кои 12 деца и 24 жени.