Швајцарската ѕвезда Џердан Шаќири го одбра Ливерпул
Англиски Ливерпул ја активираше клаузулата за ослободување во договорот на швајцарската ѕвезда Џердан Шаќири со Стоук Сити, пишува „Ливерпул Ехо“.
Шаќири имаше понуди и од други клубови, но Ливерпул покажале најсериозен интерес и 26-годишниот офанзивен халф е подготвен да заигра на „Енфилд“.
Клаузулата во договорот на Шаќири со Стоук Сити, кој испадна од Премиер лигата, вреди 13,5 милиони фунти. Наскоро се очекува Шаќири да ги помине медицинските тестови пред да го финализира трансферот во Ливерпул.
Шаќири е дете на Базел, а во својата клубска кариера играше за Баерн Минхен и Интер пред да се пресели во Стоук Сити во 2015 година.