Франција го поздрави гласањето за поддршка на Договорот од Преспа

Франција го поздрави гласањето за поддршка на Договорот од Преспа и со „задоволство констатира дека гласањето на 19 октомври во Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија го имаше потребното двотретинско мнозинство“.

– Франција со задоволство констатира дека гласањето на 19 октомври во Парламентот на поранешната југословенска Република Македонија го имаше потребното двотретинско мнозинство, за отпочнување на делот за разгледување на уставните амандмани, наменети за спроведување на Преспанскиот договор, склучен на 17 јуни помеѓу Атина и Скопје. Франција се надева дека дискусиите во Парламентот ќе доведат до ревизија на Уставот. Како што потсети претседателот Макрон, Преспанскиот договор е добар за земјата, за регионот и за Европа, се вели во изјавата на портпаролот на Министерството за Европа и Надворешни работи на Франција, Госпоѓа Ањес фон дер Мил, пренесува Амбасдата на Франција.