Утре е првата седница за пратенички прашања со новата Влада

Премиерот и министрите утре се на отчет пред пратениците. На утрешната собраниска седница на дневен ред се пратенички прашања.

Седницата за пратенички прашања се одржува по 100 дена од новата Влада, но беше одложена поради локалните избори.

Според собранискиот Деловник, седница за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот. Овојпат е поместена за утре, поради денешната меѓувладина седница меѓу Македонија и Бугарија во Струмица.

Редоследот за поставување пратенички прашања го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи.