Тодоров бара да биде повикан на состанок во ОК Карпош за да ја каже својата страна

Поранешниот висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, за кого пред два дена  партијата побара да биде исклучен, бара да биде повикан на состанок во матичниот општинскиот комитет Карпош, за да ги каже и своите факти и докази.

Тодоров на Фејсбук се обраќа до претседателот на ОК Карпош и вели дека има право, а претседателот на ОК има обврска да го повика на состанок.

„Затоа барам да ме повикате на состанокот на ОК, да ми ги презентирате фактите и доказите против мене, да ги слушнете моите аргументи, и потоа да ја донесете одлуката“, пишува Тодоров.

Тој наведува дека барањето го упатува јавно, затоа што се уште верува, во како што пишува, „демократските принципи на кои се темели мојата партија“.