Судењето за насилствата во Собранието почнува на 22 август

На 22 август ќе почне судењето за крвавиот четврток, односно за упадот во Собранието што се случи на 27 април минатата година. Овој предмет во кој се обвинети 30 лица че го води судијката Добрила Кацарска.  Од судот потврдија дека предметот е распределен преку АКМИС-от и оти датумот за судењето ќе се знае наредните денови.

Кривичниот суд во петокот соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието. Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело. Меѓу обвинетите се поранешениот министер за внатрешни работи Митко Чавков, пратеници, поранешни функционери, плицајци, лица од јавниот живот… (Ф.Ф.С.)