Спортскиот центар „Борис Трајковски“ демантира: Трошел претходниот, а не актуелниот управител

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ реагираше на тврдењата во текстот објавен на интернет страницата на „Независен весник“- „Директорите со исти апетити како министрите“ – во кој стои дека Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала “Борис Трајковски’ „за репрезентација потрошило приближно 105.000 денари или околу 1.600 евра, при што најчести посети имало во рибна гостилница „Сидро“, „Старо буре“, „Конак Чардак“ и „Таверна Ели“.

„Податоците се извадени од добиените скенирани документи како информации од јавен карактер од Друштвото „Борис Трајковски“. Евидентно од добиената документација е дека сегашниот управител Александар Петровски користи репрезентација само во Vip Кугланата која се наоѓа во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, и тоа кафе еспресо, вода, чај…
Во текстот не е наведено за време на кој управител се направени трошоците односно дали се во периодот на претходно именуваниот управител Златко Перински или од 3.08.2017 година од кога е именуван Александар Петровски“, стои во реакцијата на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.