Разрешени Митко Јанчев и Костадин Богданов од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев и Костадин Богданов член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се разрешени од партиски функции, дознава „Независен весник“.

Одлуката за нивно разрешување е донесена на вечерашното заседавање на Централниот комитет на партијата.

– Едноставно имаме спротиставени визии со Претседателот за патот по кој треба да се движи партијата и развива државата. Разликите особено дојдоа до израз во последните неколку месеци кога се актуелизира Договорот од Преспа. Според мене, тоа беше, но и сè уште е, моментот во кој партијата требаше јасно и конкретно да ја покаже својата евроатлантска заложба – вели Богадонв за „Независен весник“ по вечерашното разрешување.