Промоција на новиот портал за отворени податоци на МИОА


Во Владата денеска ќе биде промовиран новиот портал за отворени податоци што го изработи Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Порталот, како што наведува владината прес-служба, е изготвен согласно заложбите за транспарентност во работењето на сите институции.

На промоцијата ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски, амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј, Љупчо Вангелски од Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии и Неда Малеска од Центарот за управување со промени.

Покрај промоцијата на порталот и податочните сетови објавени од институциите, на настанот ќе се претстават и придобивките од отворањето на податоците за граѓаните, бизнис заедницата, медиумите и граѓанскиот сектор.

Фото: Б. Грданоски