Наместо за буџетот, пратениците ќе гласаат за Јавен обвинител

Седницата на Собранието на која на дневен ред беше дополнетиот Предлог буџет за 2018 година денеска е преместена за 22 декември. Наместо таа закажано е продолжение на 22. седница на која треба да биде именуван Јавен обвинител, како и реформските закони за правосудството.

За денеска беа закажани три седници 26, на која беше Буџетот и други две пленарни заседанија.