Намалувањето на патните трошоци за пратениците пред Комисијата за политички систем

На предлог на пратеници од пратеничката група на СДСМ денеска Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледа измените на Законот за пратеници кои предвидуваат намалување на висината на патните трошоци за народните избраници.

Измените предвидуваат наместо досега утврдените 30 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар на возилото кое се користи, пратениците да добиваат надомест во висина од 20 проценти, од продажната цена за еден литар гориво.

За да се намалат патните трошоци, потребно е да се направат истите измени и на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани функцинери, кој исто така ја регулира оваа материја. Имените на овој закон, пак, ќе ги разгледуваат членовите на Комисијата за труд и социјална политика.