Мундијалот во Катар од 21 ноември до 18 декември 2022 година


Светското првенство во Русија завршува в недела со финалниот натпревар меѓу Франција и Хрватска, а следното ќе се игра во сосема поинаков термин.

Мундијалот во Катар, кој ќе се одржи во 2022 година, првпат ќе се игра во зима. ФИФА денеска и официјално ги соопшти термините, при што првиот натпревар ќе се одржи на 21 ноември, а финалето е закажано за 18 декември.

Како причина за оваа одлука се наведуваат високите температури во оваа блискоисточна земја во текот на летниот период.

Зимскиот термин наиде на силен отпор осбено кај европските клубови и навивачи, но ФИФА одби да ја смени првобитната одлука.