Мицкоски: Ништо не е готово

Некој ќе рече се е готово, се пропадна, јас ќе речам ништо не е готово, откажувањето не е опција. Владата веќе нема легитимет, а денот кога и да бидат изборите јас ќе ве потсетам да не верувате во оние кои веќе еднаш за се ве излажаа, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба.

„Водењето на држава е како семејството. Сега ви дојдоа натрапници во дворовите, непоканати ви го заседнаа вашиот имот, ако не ги спречиме ќе дојдат и ќе ви го одземат ходникот, па кујната, па дневната, на крај ќе ви ја одземат куќата, а никој од вас нема да биде моќен да го повика соседот отспротива, бидејќи и тој ја има истата мака со натрапниците. Ако не го кренеме гласот сега против ова зло ќе продолжиме да ја губиме земјата, дел по дел, чекор по чекор. Затоа е потребно да се кренеме против да бидеме обединети и сложни додека не биде предоцна. Имаме земја која ја сакаме, на која сме горди и која немаме намера да ја изгубиме“, потенцираше Мицкоски.