Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не планира бојкот, туку победа на претседателските избори
Во гостување во емисијата „Отворено студио“ на телевизија Алфа, лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО-ДПMНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека вчерашната наводна изјава на Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, е спинувана и извадена од контекст и дека опозицијата не планира бојкот на престојните претседателски избори.
Наместо бојкот Мицкоски најава победа на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори.
-Мислам дека вчера беше погрешно протолкувана изјавата, односно монтирана и спинувана еве овака да се изразам во поинаков жаргон изјавата која што беше дадена од страна на Генералниот секретар. Напротив ВМРО-ДПМНЕ и за време на средбите со граѓаните и за време на средбите со Општинските комитети е јасен гласен и прецизен, ВМРО-ДПМНЕ излегува на претседателските избори и ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претседателските избори. И тука нема да имаме никаква дилема, ниту пак некој од нас има некаква дилема, ниту некој треба да има било каква дилема, истакна тој.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека опозицијата побарала предвремени парламентарни избори за се спречи како што вели тој дополнително губење на Република Македонија.