Минов: Излегувам од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Панче Минов од партијата ГРОМ најави напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако е разрешен Митко Јанчев јас излегувам од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ – рече тој во вечерашната емисија на 24 Анализа.

– И ќе бидам надвор од таа коалиција додека Мицкоски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе прекинам членувањето во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Ова се недомократски методи – додаде Минов.