Македонија ја совлада Украина за полуфинале на ЕХФ шампионатот во Скопје


Машката младинска репрезентација на Македонија ја совлада Украина со 28:27 и обезбеди пласман во полуфиналето на ЕХФ шампионатот за ракометари до 20 години што се одржува во Скопје.

Во драматичен натпревар со многу резултатски осцилации избраниците на селекторот Данило Брестовац се консолидираа во клучните моменти и го добија решавачкиот натпревар.

Со оваа победа Македонија има седум бодови и го освои првото место во групата Б. Македонските ракометари во сабота ќе се соочат со репрезентацијата на Фарските Острови за место во финалето.