Канческа-Милевска: Не сум се пазарела со никој, гласав за подобра иднина

Не чувствувам дека ја предаовв партијата ВМРО-ДПМНЕ, напртоив за неа имам направено многу, вели поранешната министерка за култура и сегашен пратеник Елизабета Канческа-Милевска.

Во нејзиното госутвање во емисијата „360 степени“ на Алсат, таа го образложува својот став да гласа за заопчнување на амандманска расправа за уставните измени.

Таа негира дека нејзиниот глас за почнување на расправа за уставните измени е резултат на некаков поткуп или ветување дека ќе ѝ биде олеснета судската постапка за случајот „Тендери“ во која е обвинета.

-Нема ниту поткупување, ниту закани. Секој кој што смета дека има таков доказ нека го изнесат. Мојата одлука во Собранието ја донесов за подобра иднина на нашата држава. со никого не сум се догвоорала по однос на гласањето, тоа беше моја одлука. Бев подготвена да бидам и единствената која ќе гласа за и пред себе сум чиста – вели Канческа-Милевска и додава дека ниту таа вршела притисок, ниту некој неа ѝ вршел притисок.

На прашањето за проектот Скопје 2014, Канческа-Милевска вели дека како министерка стои позади сите проекти кои биле дел од тогашната Влада. Таа додава дека можеби неа лично не и се допаѓале сите проекти, но биле градени согласно урбанистички план.