ИЈЗ ќе презентира податоци за ракот на грлото на матката кај жените во Македонија

Презентација на статистички податоци за ракот на грлото на матката кај жените во Република Македонија и светот и на податоците за спроведениот скрининг со ПАП тест од почетокот на спроведување на Програмата за рано откривање на малигните заболувања досега, ќе се одржи денеска во Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Ќе се презентира и здравствено-едукативниот пропаганден материјал (постер и флаер) подготвен во Институтот за јавно здравје во рамки на кампањата,  преведен на македонски јазик и на албански јазик.

Од Институтот информираат дека целта е да се подигне свеста кај жените за редовни превентивни прегледи и рано откривање на првите симптоми на ракот на грлото на матката, со што ќе се намали заболеноста и смртноста од овој вид малигно заболување.

На презентацијата ќе се обратат проф. д-р Елена Ќосевска и м-р д-р Силвана Ончева од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.