Извештајот за работата на Советот на јавни обвинители пред пратениците

Измени и дополнувања на закони од финансиската сфера, економијата, енергетиката, образованието, здравството, земјоделството и културата се на дневен ред на 66. и 71. седница што треба да се одржат денеска во Собранието на Република Македонија.

Пред пратениците се и Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2017 година, Финансискииот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2019 година, Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и неколку барања за автентични толкувања.

Во рамки на 66. седница е и Информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија поднесена од група пратеници.

Фото: Б. Грданоски