Заев: Случувањата во опозицијата се нивни внатрепартиски работи

Случувањата во опозицијата се нивни внатрепартиски работи, рече премиерот Зоран Заев во Стоби, одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира случувањата во најголемата опозициска партија по она што се случи во петокот, односно по усвојувањето на иницијативата за уставни измени.

-Не би сакал да коментирам детали, сепак, тоа се нивни внатрепартиски работи. Уште еднаш потврдувам дека силната определба и верба на пратениците, која што би рекол е доминантна и во опозициската пратеничка група, треба да биде ослободена. Луѓето апсолутно веруваат дека тое е единствениот пат и правец по кој Македонија треба да се движи. Впрочем, истите тие луѓе не може да замислат што доколку пропадне договорот и не се реализира. Дајте да бидеме државнички ориентирани, со државна одговорност, а партиите да ги ставиме на второ место. Јас ќе продолжам да бидам внимателен во целиот овој процес, заради тоа што верувам дека можеме сите заедно да се сплотиме и да ја истуркаме оваа работа до крај на еден достоинствен начин, онака како што личи на земја, со доминантна определба за членство во НАТО и ЕУ, со доминантна определба да обезбеди иднина за сегашните и идните генерации, нагласи Заев.

Прашан за коментар на синоќешниот говор на Мицкоски, премиерот кажа дека не го слушал.

На прашањето дали формирањето на комисијата за помирување на еден начин е директно или индиректно мешање на власта во одлуките, одговори, апсолутно не.

-Неколку пати пати споменав дури и кога го повикав на помирување во национално обединување во Парламентот, потенцирав и пак ќе потенцирам, немаме намера да се мешаме во правосудните органи. Генерално, Собранието има своја намена, а оваа прилика под превезот на единството за НАТО и ЕУ е навистина одлична можност, додаде Заев.свд/скс