Заев: Мислев дека и Панчо Минов ќе гласа „за“


Мислев дека и пратеникот Панчо Минов ќе гласа за уставните измени, но му го почитувам ставот и одлуката, изјави премиерот Зоран Заев. Тој рече дека покрај Минов, разговарано било и со други пратеници од опозицијата со цел да се зголеми парламентарното мнозинство што го поддржува договорот со Грција. Со независната осумка (пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ што гласаа за уставните измени) е разговарано и денеска, по што договорените нацрт-амандмани се доставени до Собранието.