Заев во Софија на Самит и средба со Борисов


Бугарија- Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во Софија, Република Бугарија каде ќе учествува на StartUp Europe Summit.

На Самитот е најавено учество на премиери од Западен Балкан, како и комесарката за дигитална економија и општество во ЕК, Марија Габриел.

За време на престојот во Бугарија, премиерот Заев ќе одржи средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов.