Груевски чека да го викнат во затвор

Експремиерот Никола Груевски и неговите адвокати ја примија пресудата на Апелацискиот суд, со која довчерашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да помине две години во затвор поради набавка на луксузниот „мерцедес“ за потребите на Министерството за внатрешни работи. Пресудата сега автоматски преку АКМИС Системот треба да биде доделена и до судија за извршување на санкции, кој во рок од осум дена треба да му достави на Груевски покана за затвор.

Дел од медиумите шпекулираат дека тој ќе биде повикан да почне со издржување на казната на 9 ноември во Куманово, но потврда нема. Неговите адвокати најавија дека ќе бараат одложување на одењето во затвор.