(ВИДЕО) Груевски влезе во суд зборувајќи на телефон, не сакаше да зборува за партијата

Поранешниот премиер Никола Груевски влезе во суд, зборувајќи на мобилниот телефон и не ги искоментира случувањата во ВМРО-ДПМНЕ каде е почесен претседател. Сегашниот лидер на партијата, Христијан мицкоски освен пратениците кои гласаа за уставни измени, ги исклучи од партијата неговите поранешни блиски соработници: ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и ексминистерот за здравство, Никола Тодоров со образложение дека соработувале со пратениците кои гласаа.

Груевски не е исклучен, бидејќи за него немало сознанија за соработка на штета на партијата. Случувањата во ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да ги коментира ниту Мартин Протуѓер. (Ф.Ф.С.)