Времето облачно со повремени врнежи од дожд


Променливо облачно со повремени врнежи од дожд ќе биде и денеска во Македонија. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и источните делови од државата каде локално ќе наврнат над 25 литри на метар квадратен, а во јужните делови ќе има и услови за грмежи. На планините над 2.000 метри надморска височина ќе има повремен слаб снег. Температурата ќе се движи од 5 до 13 степени. Во Скопје слично време со температурата до 10 степени. Во ноќните часови и во недела претпладне ќе има врнежи кои ќе бидат поинтензивни на западот. Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините краткотрајно ќе има провејување на слаб снег.